Историјата вели: Македонија секогаш била погубна за Романија за главните битки

562

Македонската ракометна репрезентација против Романија ја затвара групната фаза на Европското првенство, мечот се игра со почеток во 18 часот. И двете селекции одат со една мисла – да дојдат до победа која има значење за бараж мечот за пласман на Светското првенство. За разлика од Романија, Македонија се уште е во игра за пласман во главната рунда, ни треба чудо, но на вакви натпреварувања се е можно.

Македонија и Романија последниот меч го имаат одиграно во 2022 година во Букурешт, во рамките на бараж меч за СП 2023 година. Тогаш славеше противникот со 24-22, но „црвено-жолтите“ отидоа на Мундијалот бидејќи во Скопје славеа со убедливи 30-22. Тука селектор и играч беше Кирил Лазаров.

Меѓусебниот скор е 3-3, но важно е да се напомене дека Македонија секогаш ги добивала важните битки и го елиминирала противникот.

Посакуваме оваа традиција да продолжи и денеска во Хернинг.

ПретходноКонечно „Лавовите“ стартуваа со подготовки
СледноБернардо Силва си оди од Манчестер Сити, Барса го убедува да дојде на „Камп Ноу“