Детроит го победи Бостон и се искачи на врвот на Истокот

78
фото: Boston Celtics (X)

Кошаркарите на Детроит славеа против Бостон со 104-103 дома, во еден од најнеизвесните дуели синоќа во НБА лигата. Детроит сега има скор од 31-10 и е лидер на Истокот, додека Бостон е втор со скор од 26-16.

Во натпревар кој донесе вистинска драма во финишот, Детроит го предводеше Тобијас Харис со 25 поени, а Џејлен Дуран додаде 18. Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 32 поени, додека Пејтон Причард додаде 17.

Голден Стејт го победи Мајами со 135-112 дома за нивната четврта победа по ред. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Брендин Подземски со 24 и Стеф Кари со 19 поени.

Кошаркарите на Филаделфија ја победија Индијана со 113:104 на домашен терен. Најзаслужни за победата на Филаделфија беа Џоел Ембид со 30 и Тајрис Макси со 29 поени, додека Ендру Нембхард и Паскал Сиакам се истакнаа за поразениот тим со 25 и 24 поени.

Феникс славеше на гости против Бруклин со 126:117, додека Лос Анџелес Клиперс ја забележаа својата шеста последователна победа откако славеа на гости против Вашингтон со 110:106.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Индијана 113-104

Бруклин – Феникс 117-126

Детроит – Бостон 104-103

Голден Стејт – Мајами 135-112

Кливленд – Оклахома 104-136

Вашингтон – ЛА Клиперс 106-110

Њујорк – Далас 97-114

Сан Антонио – Јута 123-110

ПретходноБрајтон со фантастичен гол во последните секунди спаси бод против Бормут
СледноИзбрани стартерите за Ол-Стар натпреварот во НБА лигата