Вардар се „ослободува“ од другарите на Мато и ги праќа на позајмица во Арсими

1000

Екипата на Вардар денеска го игра вториот пријателски дуел на подготовките во Анталија. На менито е дуелот против тимот на Андијон од Узбекистан. На првиот дуел Вардар загуби од Јаблонец од 2:6, а ете, денеска има шанса за нов, овојпат поволен резултат.

ОД друга страна пак, што се однесува до играчкиот кадар, Вардар најверојатно се ословодува од двата интернационалци од Уганда, Бајо и Муса Раматан, кои што пристигнаа како големи засилувања, но не пронајдоа ниту споредно место во тимот на Седлоски.

Последната информација од Анталија во врска со нив е дека Вардар ќе проба да ги испрати на позајмица и тоа во тимот на Арсими.

Муса Раматан во текот на вчерашниот ден, пројавил повреда на коленото, и нема да биде во комбинација за денешниот дуел, а ништо чудно истото да го стори и гореспоменатиот Бајо.

 

ПретходноДенеска на ЕП 2026: Ќе се пополнат и последните две места за главната фаза
СледноПешевски: Не би рекол дека Романија е аутсајдер, ќе дадат сѐ од себе за да ни ги расипат сметките!