„Надежите“ поразени од Турција, Арда Туран ги „скенираше“ талентите

225

Македонската репрезентација до 17. години денеска загуби во првиот од двата пријателски дуели кои што се играат во Анталија.

Нашите млади играчи одиграа коректен натпревар во кој примија само еден гол и тоа во првото полувреме во кое погоди Хусеин Сен.

Нашиот национален тим не ги искористи своите шанси, а да се надеваме дека истото ќе го стори на вториот закажан дуел на 22. јануари.
Овој меч од трибините го следеше и турската фудбалска легенда Арда Туран, кој што секако дека имаше што да види од двете страни.

Македонија:

Амин Сулјовиќ, Давид Лиотоски (46 Тео Стојчевски), Грегориан Михајловски, Марко Иванов, Филип Цветковски, Бленди Љачка (78 Самуел Вртковски), Андреј Цветковски (46 Арда Илјаовски), Мартин Џангаровски (90 Павел Миронски), Фадил Исламовиќ (78 Лука Кнезевиќ), Васко Папалиски (88 Лука Георгиев), Јаков Стојковски (88 Марко Мирцески)

 

ПретходноАтракција: Уф, каков ЦЕПЕЛИН на Џонов и Костески! (ВИДЕО)
СледноИлиевски си поднесе оставка, раководството на МКФ истата ја прифати!