Охрид тргна со победа, Додиќ дебитира со три гола

103

Ракометарите на Охрид со победа ја отворија новата сезона, на домашен терен го совладаа дебитантот Тиквеш со 29-24.

Гостите беа добри во првото полувреме, пред крајот на имаа негатива од еден гол, но далеку по искусниот состав на Охрид со серија од 4-1 на одморот замина со водство од 13-9.

Во продолжение домашниот состав не дозволи изненадување, го приведе мечот во своја корист.

Стефан Додиќ се најде во составот на Охрид и покрај тоа што во Металург тврдеа дека нема право да игра, тој постигна три гола.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Милошевиќ со пет гола, а по четири дадоа Шилегов, Андоновски и Николов со по четири погодоци. Кај Тиквеш се истакна Трпчевски со пет погодоци.

ПретходноЛемар во 99.минута му донесе победа на Атлетико!
СледноЕдна минута молчење за жртвите во Тетово!