Во терминот од 20.45 часот се одиграа уште две средби од 3.коло во ракометната Лига на Шампиони. Во дербито на денот, Келце дома доживеа пораз од силниот Магдебург со 30:35. Ова беше трета победа на германскиот гигант за “три од три“ и прв пораз за полскиот состав.
Во текот на целиот меч Магдебург беше подобар тим, па на крајот заслужено победи.
Кристијансон и Магнусон со по 11 голови блескаа кај победничкиот состав, додека кај домашните најефикасен беше Влах со 8 погодоци.
ПСЖ како домаќин забележа убедлива победа против Целје од 46:35.
Еклисон и Пранди постигнаа по седум голови, додека кај гостите Анжиќ беше најефикасен со 9 голови.










