Џонов: Кажав дека ако треба ќе играм со една нога – само да победиме!

112

За Македонија се гине. Оваа реченица не само што ја слушаме често, туку ја гледаме на дело. Секој што се најде на списокот на Кирил Лазаров беше подготвен да го даде максимумот. Никој од овие момци не се штедеше.

Иван Џонов на дуелот со Португалија се повреди, беше под знак прашалник. Се чекаше до последен момент, на крајот се појави на теренот, не сакаше да ги остави своите соиграчи на „цедило“, сакаше победнички да ја завршат групната фаза.

„И ден пред овој меч кажав, ако има и најмала шанса, ако не постои преголем ризик од влошување на повредата, дека ако треба ќе играм и со една нога, само да помогнам да стигнеме до резултатот што го посакувавме. Лекарите ми кажаа дека би можел да играм низ болка, ниту за момент не размислував, се ставив на располагање. Среќен сум што заедно со сите останати дадов свој придонес за да стигнеме до овој триумф. Почнавме одлично, штета што не стигнавме до поубедливо водство на почетокот во кој целосно доминиравме. Потоа противникот се врати, влеговме во неизвесна завршница, но целосно ја заслуживме оваа победа со прикажаната игра и карактерот, како на овој меч, така и на целиот турнир. Ова е голем триумф, не само за пласманот на ова ЕП, туку и за наредниот период и квалификациите што ќе ни следат за СП 2027“, истакна Џонов.

ПретходноСензација во Норвешка: Пеп се “коцкаше“ и загуби од Бодо/Глимт!
СледноТофаш и Рајковиќ тргнаа со пораз во групната фаза во ЛШ!