Сензација на ЕП: Португалија ја расплака Данска и 15.000 фанови!

722
ФОТО: EHF EURO/X

Уф, каква сензација во Хернинг. Во меч во кој ние се надевавме дека Данска убедливо ќе слави над Португалија, се случи домапната селекција пред свои 15.000 фанови да биде поразена. Голема Данска, големиот фаворит за златото беше поразена од Португалија со 29:31.

Секако дека овој резултат и тоа како ќе одекне во ракометна Европа. И дури сега се гледа колку значи тоа реми за нас со Португалците, против каква селекција ние имавме шанса дури и да победиме, веројатно секунди недостигаа.

Ова покажува дека четата на селекторот Јакобсен и тоа како е ранлива, но ќе видиме како ќе реагира Данска во следната, главната фаза во групата 1 во која екстра силни ривали.

На останатите мечеви вечерва, Унгарија беше поразена од Исланд, а Словенија славеше против Ф. Острови со 30:27.

ПретходноЛиверпул ќе понуди 92 милиони евра за стоперот на Тотенхем!
СледноНено и Баерн поразени од Партизан среде Минхен!