Костески за решавачкиот момент: Знаев дека морам да дадам гол по секоја цена – макар паднал на глава

457

Македонската ракометна репрезентација ги спакува куферите и со исправени глави го напушти Хернинг. Ова Европско првенство го завршуваме на 14-то место во конкуренција на 24 учесници.

На последниот меч од групната фаза, Македонија ја победи Романија со 24-23 со голот на Ненад Костески во последната секунда. Македонскиот репрезентативец ги опиша последните моменти…

„Тргнав напред барав топка, знаев дека сме вишок. Се вртев гледав, среќа Фитиљ (Кузмановски) ме виде. Кога ја фатив топката мислев само на едно. Морам гол. По секоја цена, паднал на глава – паднал на глава. Знаев дека морам. Знаев колку е резултат, знаев што значи евентуална победа… Ми се случувало, не многу често да шутирам за решавање на натпревар. Но, ова е поинаку. Ова е ЕП, шут за победа, за Топ 16… Ќе го паметам овој момент целиот живот, чувството е фантастично, непроценливо“, изјави стрелецот на победничкиот гол, Ненад Костески.

Македонија заврши трета во група, оствари реми против Португалија и пораз од Данска.

ПретходноАргентинец на проба во Вардар во Анталија!
СледноЛШ: Се спрема голеада во Минхен, Барса на гости во Прага…(ФОТО)