Полувреме: Работнички со водство, пресврт во Струмица, голови нема само во Струга!

197

Завршија првите полувремиња од петте натпревари од 6.коло во ПМФЛ. На Арената во Скопје со голот на Лука Станковски, екипата на Работнички води против Брегалница.

Во Струмица гостите од Ѓорче уште во 1.минута поведоа со 1:0, сепак на крајот Академија Пандев дојде во водство од 2:1.

Во Кавадарци шок за Тиквеш, Рамадани стрелаше за водство на Ренова. Во Велес во првите 45.минути меѓу Борец и Пелистер, резултатот е 1:1.

Па така само во Струга, каде играат Струга ТЛ и Скопје, во првото полувреме не видовме гол.

ПретходноДвојна победа на Мекларен на „Монца“ по судирот на Хамилтон и Верстапен (ВИДЕО)
СледноЏенова го совлада Каљари – Пандев стартер, потоа заменет