Дали Вардар во текот на овој зимски преоден рок ќе се засили со Аргентинец. Имено на вчерашниот пријателски меч во Анталија против Андијон, во тимот на Гоце Седлоски настапи и Иан Лукас Пулеио (27), крило кое може да игра и по левата и по десната офанизвна страна.
Последен клуб на Пулеио му бил Арема од Индонезија, каде бил до пред неколку дена. Претходно настапувал и за клубови од Црна Гора како Дечиќ и Тиват Арсенал.
Инаку потекнува од школата на Платензе.
Кога сме кај Вардар, есенскиот шампион веќе неколку дена интензивно се подготвува во кампот во Анталија. Досега се одиграни два пријателски меча а во очекување сме и на најавените нови имиња.















