Искусниот дефанзивец Егзон Белица е нов играч на тимот на Работнички. Ова за стоперот е втор мандат во Дебар Маало, ако се знае дека тој веќе беше дел од Работнички во 2010/2011.
Оттогаш смени многу клубови, а последно беше дел од тимот на Шкендија. Белица си замина од Тетово зимава, и како слободен играч пристигнува во Работнички.
Дебармаалци во овој преоден рок комплетно го реновираа постоечкиот играчки кадар и доведоа неколку нови имиња.















