Катастрофалн вечер за НБА-ѕвезда од 0/10 за тројка (ВИДЕО)

145
фото: Charlotte Hornets (X)

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс синоќа беа поразени од Кливленд Кавалирс со 87:94, во натпревар кој по добро нема да го памети нивната ѕвезда ЛаМело Бол. Третиот избор на НБА-драфтот во 2020 година одигра исклучително скромен натпревар во нападот, но и покрај тоа по средбата доби пофалби од својот тренер за ангажманот во одбраната.

Во офанзивен план, натпреварот за Бол изгледаше како вистински кошмар. Ол-стар играчот од 2022 година, кој сезонава има просек од 19,9 поени по натпревар, против Кавалирс делуваше непрепознатливо во нешто повеќе од 22 минути минати на паркетот.

Бол ги промаши сите 10 обиди за три поени и вкупно шутираше 1/15 од поле, што е само 6,7% реализација. Ниту еднаш не застана на линијата за слободни фрлања, а натпреварот го заврши со учинок од два поени, пет скокови и седум асистенции. И покрај слабата шутерска вечер, тренерот Чарлс Ли го истакна неговиот придонес во одбраната и јавно го пофали.

Тренерот Ли: Гризеше во одбраната

„Без оглед на шутерските бројки, тој гризеше во одбраната. Неговиот ангажман таму беше навистина добар. Во поголемиот дел од натпреварот не дозволи реализацијата, односно промашувањата, да ја диктираат енергијата што ја дава, туку се обидуваше да влијае на играта на други начини“, изјави Ли.

Кливленд до победата го предводеше Донован Мичел со 24 поени и шест асистенции. Во поразениот тим на Шарлот, најдобар поединец беше дебитантот Кон Кнупел со 21 поен, седум скокови и 11 асистенции.

Шарлот – Кливленд 87:94
Бостон – Индијана 119:104
Њујорк – Бруклин 120:66
Мемфис – Атланта 122:124
Њу Орлеанс – Детроит 104:112
Милвоки – Оклахома 102:122
Сакраменто – Торонто 109:122

ПретходноНезапирливиот Ѓоковиќ на чекор до историски рекорд!
СледноФлик: Ги заслуживме трите бода