Сигурдсон полуде на шведскиот играч Ване и го опцу (ВИДЕО)

257

Хрватската ракометна репрезентација доживеа пораз од Шведска со 33:25 во третото коло од првата фаза на Европското првенство. Избраниците на Дагур Сигурдсон речиси во ниту еден момент од натпреварот не беа во позиција да се борат за победа. Така, Хрватска во втората фаза од натпреварувањето не пренесува ниту еден бод, додека Шведска пренесува два.

Слабата игра на Хрватска внесе нервоза и кај селекторот Сигурдсон, кој на почетокот од второто полувреме ја загуби контролата и доби жолт картон, а потоа и влезе во вербална расправија со шведскиот играч Хампус Ване.

Сигурдсон бурно реагираше откако дуелот меѓу Ерик Јохансон и Јосип Шимиќ беше окарактеризиран како прекршок на Шимиќ. Селекторот побара од судиите да ја проверат ситуацијата, бидејќи Шимиќ доби удар со лакт во глава. По прегледот на снимката, судиите ја променија одлуката, досудија прекршок во напад и му доделија исклучување од две минути на Јохансон.

Додека се чекаше конечната одлука на судиите, Сигурдсон влезе во расправија со Ване, крилниот играч на Шведска. Во телевизискиот пренос можеше да се види како двапати му вели „fck off“, односно „е*и се“, покажувајќи дека Шимиќ бил удрен со лакт во главата. Моментот можете да го видите ТУКА. 

ПретходноВо Хернинг стартува главната рунда со реприза од финалето 2024 година
СледноСтруга ТЛ во финишот испушти победа со Пахтакор