Американската фудбалерка, Тринити Родман, ќерката на легендарниот кошаркар Денис Родман стана најплатената професионалка во историјата на спортот.
Таа потпиша нов договор со тимот на Вашингтон Спирит дел од женската верзила на МЛС, до 2028 година со што стана најплатената фудбалерка во светот.
Новиот договор на Родман, кој вреди повеќе од 1 милион долари по сезона, ја катапултира на врвот на ранг-листата со најмногу заработки во женскиот фудбал, потврди нејзиниот агент Мајк Сенковски за ESPN.
Trinity Rodman joins SportsCenter after re-signing with the Washington Spirit and becoming the highest paid women's soccer player in the world 🤩
WHAT A FEAT‼️🔥 pic.twitter.com/uXTVEnH0rp
— SportsCenter (@SportsCenter) January 23, 2026










