Протестите во Иран однесоа и спортска жртва… убиен голманот на Алуминиум Арак

68

Антивладините протести кои што масовно се случуваат во Иран во моментов однесоа стотици жртви, а денеска медиумите одттаму јавуваат дека меѓу нив за жал е и еден спортист.

Поточно, голманот на фудбалскиот клуб Алуминиум Арак, 20. годишниот Салар Бахадари.

Според извештаите, Бахадари бил застрелан директно во срцето и вратот од страна на  полицијата додека учествувал во протестите.

Официјалните бројки се дека досега за време на протестите, кои се исклучително насилни и се буквално вон контрола, убиени се околу 3000 лица. Прашање е колкава е вистински оваа бројка.

 

ПретходноБрера продолжува со напорна работа, дуелот на Силекс против Словачко „виси“ поради врнежите
СледноДимитар Трајков повторно дел од Дугопоље