Во пресрет на пролетниот дел од првенството, Брера се засили со 22 годишниот Леонардо Петровиќ – фудбалер кој игра на крилната позиција во нападот. Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Хрватска до 17 години.
Во Струмица допатува како слободен играч откако во есенскиот дел беше во Змијави во Хрватска. Петровиќ претходно играше во Радник Бијељина. Две сезони беше во Посушје во Босна и Херцеговина.















