Прекинат мечот Силекс – Словачко во Анталија!

313
ФОТО:Facebook.com/fcslovacko.cz/

Иако и покрај лошите временски услови во Анталија, Силекс и Словачко одлучија да ја одиграат закажаната контрола, сепак овој меч не го доживеа крајот. Како што информираат од таборот на клубот од Чешка, натпреварот поради лошите временски услови е прекинат во 70.минута при резултат 2:1 за Словачко.

Првиот дел завршил со резултат 1:1, Силекс израмнил, за да во продолжение од средбата тимот на нашиот репрезентативец Андреј Стојчевски одново дошол во водство.

Кога сме кај Словачко да кажеме дека цели пет години при крајот на својата кариера настапуваше и Величе Шумуликоски.

Ова беше втора контрола за кратовци во Анталија, на првата беа поразени од Бунјодкор со 1:2.

ПретходноКарлито има нов тренер, тоа е неговиот брат!
СледноАрсенал со 20 милиони евра и дефинитивно тргнува по несудениот македонски репрезентативец!