Хрватска е жива! Голема победа против Исланд, сега сè е отворено!

212
ФОТО:facebook.com/hrs.chf

Хрватските ракометари го отворија второто коло од Европското првенство со победа од 30:29 над Исланд во првиот натпревар од Група II, правејќи голем чекор кон полуфиналето на турнирот.

Пред почетокот на ЕП, Исланд беше прогласен за фаворит за пласман во полуфиналето заедно со Шведска, но денеска се променија овие работи.

Најзаслужен за триумфот на Хрватска, предводена од Исланѓанецот Дагур Сигурдсон од клупата, беше Матео Мараш со седум гола, Срна имаше шест погодоци и беше прогласен за играч на мечот. Омар и Магнусон постигнаа по осум за Исланд.

Во следната рунда, Хрватите ќе играат против Швајцарија, а противник на Исланд ќе биде Шведска.

ПретходноГФК Охрид излезе со соопштение: Им стоиме на располагање на ФФМ и на сите надлежни институции за целосно утврдување на фактичката состојба
СледноДимитриевски се сели во Кратово