Претседателот Омерагиќ во посета на кампусот на Вардар во Сиде

482

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, господинот Масар Омерагиќ во моментов е во Анталија, Турција, каде што е во работна посета на македонските прволигашки екипи кои што се подготвуваат тука за време на зимската пауза.

По утринската посета на Тиквеш, вечерната е резервирана за есенскиот шампион, тимот на Вардар.

Секако, во срдечна атмосфера домаќините Миленко Неделковски, но и Гоце Седлоски го пречекаа претседателот Омерагиќ и разговараа на повеќе теми. Како што е добро познато, Седлоски кој што е во моментов тренер на Вардар, е и нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Во следните неколку дена Омерагиќ ќе ги посети и останатите наши клубови тука, а многу веројатно ќе следи и некоја од пријателските средби.

 

ПретходноСтартува вториот дел од сезоната во Првата лига мажи
СледноАрсими го засили нападот!