Неделковски: Преговорите со Хартс се уште траат, се надеваме на позитивен епилог

355

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Вардаровата сага околу продажбата на Касим Роџерс Мато, репрезентативецот на Уганда, и досега најдобар играч на клубот во шкотскиот Хартс, добива уште еден момент. На подготовките во Анталија каде што во моментов се наоѓа клубот, првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски со официјален став околу целата ситуација.

„Не се точни информациите дека Вардар ќе остане без пари. Комуникацијата меѓу Вардар и Хартс е на највисоко ниво. Течат преговорите двете страни се надеваат дека ќе заврши позитивно на задоволство на сите страни“, официјално изјави Неделковски.

 

ПретходноДрама меѓу Унгарија и Швајцарија без победник
СледноОмерагиќ во Анталија ги посети и Шкендија и Силекс