Шкендија вели: Вебстер не е за продажба

210

Тимот на Шкендија очигледно дека нема намера повеќе да го менува ростерот, и напролет сака да нападне уште поголеми успеси како на интернационална така и на домашна сцена. Актуелниот шампион на Македонија како што дознава Спортспорт, за еден од своите најдобри играчи, интернационалецот од Јамајка, Роналдо Вебстер деновиве одбила понуда од 600.000 евра која што пристигна од Русија.

Се работи за тимот на Нижни Новгород амбициозен клуб кој што посакува што посилен ростер за периодот кој што следува, па аналогно на тоа, и понудата до Шкендија за дефанивецот со екстра офанзивни предиспозиции.

Сепак, како што стојат работите Шкендија не само што нема намера повеќе да продава зимава, туку веројатно планира да добеде уште некое екстра засилување.

Само да потсетиме, Шкендија испиша историја во мак фудбалот со пласманот во елиминационата фаза од Лигата на Конференции, и има закажано дуел со сулниот турски тим Самсунспор.

ПретходноНиту ветар ниту дожд не го спречува Вардар во Сиде (ФОТО + ВИДЕО)
СледноСинер со мака до 1/8 финалето на Австралија Опен