Синер со мака до 1/8 финалето на Австралија Опен

90

Светскиот рекет број два, Јаник Синер, со многу мака стигна со 1/8 финалето на првиот гренд слем турнир сезонава, Австралија Опен.

Синер беше подобар во оваа фаза од Елиот Спицири со 4:6, 6:3, 6:4, 6/4, и некако влезе во следната веќе може да се каже завршна фаза на овој турнир.

Иако на претходните два меча Синер мина доста добро, бранителот на титулата овојпат сериозно се намачи. Пред се физички. Во третиот сет видно истоштен Синер.

Италијанецот повраќаше, и се виде дека не се чувствува најдобро. Имаше и грчеви, речиси не беше во состојба да продолжи. По кратката пауза мечот продолжи и Синер што се вели си дојде на себе.

 

ПретходноШкендија вели: Вебстер не е за продажба
СледноТодоровски: Дресот на Вардар самиот по себе мотивира (ВИДЕО)