Шкендија со прв пораз во текот на зимските подготовки!

183
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Шкендија – Подбрезова 1:2 е исходот од денешниот контролен меч на шампионот во Анталија. И покрај лошите временски услови овој меч сепак се одигра. Инаку ова е прв пораз на тетовци во текот на зимските подготовки во вкупно третата контрола или втора во Анталија.

Ибраими во 32.минута донесе водство за четата на стратегот Јетон Беќири и така беше се до 63.минута кога тимот од Словачка прво израмни а неколку минути подоцна и поведе со 1:2.

Да потсетиме дека Шкендија прво славеше над Брера со 3:0, потоа во Анталија одигра 1:1 со украинската Олександрија.

ПретходноМакедонската кошарка се враќа на терен, очите на јавноста посебно ќе бидат насочени кон еден меч!
СледноДали знаете кој е единствениот момент кога на Европското првенство настапува „штама“?