Историски меч во Хернинг: Франција со рекордна партија против немоќната Португалија

207

Франција после поразот од Данска на голема врата им се врати на победите, одигра неверојатен натпревар против Португалија совладувајќи ја со убедливи 46-38. Актуелниот бранител на тронот едноставно беше незадржлив, во првото полувреме постигна 28 гола со што го урна рекордот по бројот на погодоци.

На овој меч беше урнат и втор рекорд, а тоа е по бројот на вкупно постигнати голови, фановите во „Јиске Банк Боксен“ Арената видоа вкупно 84 погодоци. Претходно ова достигнување им припаѓаше на Словенија и Црна Гора, кои постигнаа 81 погодок.

Дика Мем постигна осум гола од исто толку обиди, шест имаше Фабрегас, на другата страна Салвадор имаше пет погодоци.

Следен дуел од второто коло во Хернинг е помеѓу Данска и Шпанија.

ПретходноСкандалозно: Еве како Џака се пресметуваше со фановите!(ВИДЕО)
СледноКомо не се шегува: Тимот на Фабрегас го декласира Торино!