Кошаркарките на МЗТ Бела вода го добија дербито со Вардар

80
фото: woman.mkd.basketball

Кошаркарките на МЗТ Бела вода извојуваа изненадувачка победа на свој терен против фаворитот екипата на Вардар. Домашните славеа со 67:51, а изненадувањето домашните кошаркарки го најавија уште во првите десет минути кои ги реализираа во своја корист со резултат (18:9). По изедначената втора четвртина, сите дилеми околу конечниот победник беа симнати во третата. Онаа во која МЗТ Скопје Бела вода направи големи (21-10), за потврда на водството, (53:34). Во последниот период „вардарки“ само го ублажија поразот.

Одлични минути имаше американскиот двоец во домашната екипа, Херд и Корли, кои искмобинираа 43 поени, кои со оние 11 кои дојдоа од Милосављевиќ.

Кошаркарките на Бадел 1862 лесно стигнаа до петтиот триумф во првенството откако славеа убедливо на гостувањето во Неготино против Спорт Тим со 52:99.

Екипата на Пробаскет ја оправда улогата на фаворит и стигна до лесна победа на гостувањето во Делчево против Патриот 2016 со 45:95.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10.КОЛО

МЗТ Бела вода – Вардар 67:51

Спорт тим – Бадел 1862 52:99

Патриот 2016 – Пробаскет 45:95

25.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

16.00: Баскет кам – Крива Паланка

ПретходноРајковиќ и Тофаш првпат поразени пред своја публика
СледноМењан со нов договор, останува во Милан до 2031 година