Рутинска победа на Атлетико Мадрид против Мајорка!

28
ФОТО: Atlético de Madrid/FB

Атлетико Мадрид во целост ја оправда својата улога на фаворит и ја победи Мајорка со 3:0 на својот стадион во натпреварот од 21-то коло на шпанската Примера.
Така тимот на тренерот Диего Симеоне прокнижи три нови бода и со 44 освоени бода, го заземаат третото место на табелата зад лидерите Реал и Барселона.
„Јорганџиите“ поведоа во 22-та минута кога одличен волеј удар го фати Маркос Љоренте, голманот на гостите Роман го сопре неговиот удар, но Серлот се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на противникот.
Сè беше решено 15 минути пред крајот кога Љоренте испрати центаршут од десно, а несмасниот чувар на Мајорка, Давид Лопез, ја испрати топката во својата мрежа.
Конечниот резултат го постави Тијаго Алмада, кој го постигна својот прв гол од 1 ноември и натпреварот против Севиља.

ПретходноВардар денеска со „фул“ тренинг пред утрешниот тест меч со Динамо Махачкала (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноГОК Борец му се реваншираше на Работнички 71&22 на стартот на плејофот