Маџари не успеа да го изненади шампионот, одлична партија на Петков (ФОТО)

78

МЗТ Скопје победнички си заминува од гостувањето кај дебитантот Маџари, откако славеше со 76-87 во меч од 12. коло во Супер-лигата. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ беа рамноправен противник до пред последната четвртина по што актуелниот првак успеа да влезе во победички ритам и да го урне отпорот на противникот.

Марин Петков беше лидер кај победникот со 26 поени, на другата страна Хот имаше дабл-дабл од 15 поени и 14 скока.

За МЗТ Скопје ова беше 11 победа, има и еден пораз, на другата страна Маџари го запиша шестиот пораз, има исто толку победи.

Маџари го отвори мечот со 11-3, но брзо стигна одговор од гостите, со серија од 9-0 поведоа со 11-12. Првата четвртина заврши со 24-22 во корист на домаќинот. Следните десет минути им припаднаа на „сино-белите“ за 35-47 на одморот.

МЗТ Скопје во третата четвртина имаше плус 14 (45-59), но домаќинот на момент успеа да ја наруши комоцијата на противникот, дојде на 54-59, но тука застана. Гостите се консолидираа и заиграа подобро за мирен финиш.

ПретходноШтутгарт без проблеми на гостувањето во Менхенгладбах!
СледноМагија на Јамал: Барса го “реши“ Овиедо и повторно е лидер! (ВИДЕО)