Ѓорѓи Кочов ќе биде помошник на Хозе Мариа Берокал во сениорскиот тим

302

Пред малку од Македонската Кошаркарска Федерација официјално го потврдија името на новиот селектор на нашиот најдобар национален тим. За првпат во историја Шпанец ќе ги води сениорскиот тим во еден циклус.

Хозе Мариа Берокал е новиот предводник на Македонија, тренер со долгогодишно искуство, кој има работено со врвни тренерски имиња. Од него се очекува да го направи долгогодишното враќање на сениорскиот тим на европската карта, а за тоа ќе има доволно време, бидејќи Македонија игра претквалификации, па патот ќе го гради во следните три години. Следното Европско првенство е во 2029 година.

Помошник на Берокал е македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов, кој исто така својата кариера ја продолжи надвор од Македонија. Тој е тренер на бундес-лигашот Кемниц каде замина во 2021 година. Кочов гради успешна кариера, па токму затоа ќе биде од голема помош, тој има иста визија со новиот селектор и раководството на КФСМ.

Македонскиот стратег беше дел од стручниот тим на Македонија во периодот од 2019 до 2021 година.

ПретходноШпанец со евролигашко искуство е новиот селектор на Македонија
СледноТФТ не го дава врвот, со една четвртина го реши Кожув