ТФТ не го дава врвот, со една четвртина го реши Кожув

47

Екипата на ТФТ ја запиша 11 победа во Супер-лигата, го совлада Кожув на домашен терен со 96-83. До победата дојдоа благодарение на добрата игра во третата четвртина која ја добија со 34-23.

Лидерот на табелата заигра максимално ефикасно во тој трет дел од играта, особено тоа се однесува за Дејвис, кој го поправи тимскиот процент на реализација за три поени. Реализираа „црно-белите“ дури 34 поени, примија доста помалку, за сериозно водство на истекот на третиот квартал (78:67).

Во последниот период, кошаркарите на ТФТ го одржуваа тоа двоцифрено водство. И стигнаа до нова победа во МТЕЛ Супер лигата, 11. во 12 одиграни мечеви, со која го задржаа првото место на табелата.

Дејвис заврши со 25.поени, но имаше и седум асистенции и шест скока. Николов дополни со 18.реализации, Ташовски даде 14 ( имаше и четири скока), а Говенс имаше уште 12, дополнети со шест додавања и четири скока за ТФТ.

Во гостинската екипа, Пурвис дојде до 29.поени (плус пет скока и две асистенции), Вашингтон застана на бројката од 18.поени, додека Вајт ги следеше со 14. поени, шест асистенции и четири скока.

ПретходноЃорѓи Кочов ќе биде помошник на Хозе Мариа Берокал во сениорскиот тим
СледноРакометарите на ЕП со порака: Распоредот е брутален, уморни сме