Македонските репрезентативци му се ставија на располагање на Алушовски (ФОТО)

260

Актуелниот македонски првак, Пелистер полека се комплетира. Денеска на тренинг се приклучија македонските репрезентативци кои по завршувањето на настапот на Европското првенство добија неколку денови одмор.

Пелистер во продолжение на сезоната ќе биде под водство на Стевче Алушовски, кој дојде на местото на Шпанецот, Рубен Гарабаја.

Битолчани ги чекаат предизвиците во Лигата на шампиони, како и настапот на домашна сцена, каде целта е единствена – одбрана на титулата и трофејот во Купот н Македонија.

ПретходноШпанија и направи голем проблем на Франција за полуфинале на ЕП
СледноЈана одлична на слаломот во Австрија