Македонија ќе има четворица претставници на Зимските Олимписки Игри кои ќе се одржат во Милано Кортина.
Во нордиско трчање ќе настапат Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт 10 км, како и Ставре Јада – Спринт и Интервал старт 10 км.
Во алпско скијање ќе настапи Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом, додека пак во машка конкуренција ќе биде Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом.
Македонскиот Олимписки Комитет ја престави Јана – младата надеж која поставува нови стандарди во македонското скијање. Таа го држи рекордот за најдобар резултат досега за македонски скијач со освоени 30.56 ФИС точки.
Со злато на FIS Weinebene и три старта на Светскиот Куп, таа е подготвена за својот олимписки блесок.
Младата македонска скијачка надеж беше гостинка во „Женски Спортски Приказни“, интервјуто можете да го прочитате во продолжение.










