Емотивна порака за крај на кариерата: Пјаниќ замина во пензија

77

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, официјално го објави своето пензионирање. На крајот на 2025 година, Пјаниќ објави дека повеќе нема да игра фудбал.

„Целиот мој живот ја свирам мојата мелодија. Секој допир, секое додавање, секој шут е нота. Фудбалот беше мојата музика, теренот моето пијано. Сонував да ја слушнам таа убавината на оваа игра. Денес, со срце полно со благодарност, можам да кажам дека оваа симфонија беше мојот живот. Беше чест да ја споделам со сите вас. Ви благодарам на сите што бевте дел од оваа музика“, напиша Пјаниќ.

Последниот клуб на 35-годишниот Босанец беше ЦСКА Москва, која ја напушти во текот на летото. Пјаниќ играше и за Мец, Лион, Рома, Јувентус, Барселона, Бешикташ и Ал-Шарџа. Тој освои седум трофеи со Јувентус, два со Ал-Шарџа и по еден со Барселона, ЦСКА и Бешикташ. За репрезентацијата на БИХ одигра 115 натпревари и е втор на листата на фудбалери со најмногу настапи за својата земја, зад Един Џеко.

ПретходноРајковиќ ја оствари првата победа во главната фаза на ФИБА ЛШ
СледноПоповски е нов асистент на Таневски на клупата на Скопје