Филип Димовски одличен на велеслаломот во Словачка

59

Младиот македонски скијач Филип Димовски имаше одличен настап на меѓународна сцена. Димовски продолжи со одлични настапи на меѓународните ФИС натпреварувања, а особено испешен беше настапот на една од најстарите трки во пионерска категорија (У14 и У16) која се возеше во словачкиот центар Вратна.

Во велеслалом, нашиот млад скијач заврши на 7. место. Филип имаше трето најдобро време во второто возење, а беше блиску и до подиум, затоа што само 60 стотинки го делеа од најдобрите резултати.

Во наредниот период за него следуваат трки во уште неколку европски земји.

ПретходноХрватска ја „реши“ Словенија и зачекори кон полуфиналето
СледноРајковиќ ја оствари првата победа во главната фаза на ФИБА ЛШ