Управата на второлигашот Скопје го назначи долгогодишниот капитен, Александар Поповски како нов член на стручниот штаб. Долги години, тој го носеше дресот на скопскиот состав од Автокоманда.
Со години искуство зад себе и акумулирано знаење од врвно ниво, тој се враќа да го пренесе своето искуство на младите фудбалери.
„Нема поголема чест од тоа да им погледнеш во очи на младите момци кои сонуваат за она што јас веќе го живеев. Тука сум да ги научам дека талентот е само почеток, а карактерот и работата се оние кои те прават шампион“, изјавил Поповски.










