Извонредна партија на нашиот Андреј Јакимовски во дресот на Тренто и нова победа за неговиот тим во Еврокупот. Вечерва италијанскиот тим на домашен терен го совлада Бешикташ со 87-74 и ја прослави десеттата победа во групната фаза.
Јакимовски беше брилијантен постигнувајќи „дабл-дабл“ од 15 поени и 10 скока, на кои запиша и една асистенција. Нашиот репрезентативец беше трет стрелец во победничкиот тим.
За Јакимовски и Тренто оваа победа значи пласман на 4. место на табелата и шанса на две кола пред крајот да се обидат да ги нападнат и првите две позиции.










