Реал со пресврт до победа: Супер Бензема и деби со гол за Камавинга (ВИДЕО)

270

Реал Мадрид им приреди вистинска бајка на своите фанови. Кам-бекот на „Сантијаго Бернабеу“ по 560 денови, фудбалерите на „кралскиот“ тим го крунисаа со убедлив триумф над Селта од 5-2.

Во центарот на вниманието се најдоа Карим Бензема кој постигна хет-трик и Едуардо Камавинга, кој дебитираше со гол во дресот на Реал. Францускиот фудбалер го постигна четвриот погодок за својот тим, стрелаше во 72. минута.

Анчелоти и неговите момци до третата победа дојдоа по пресврт. По голот на Бензема за 1-0, Селта постигна и имаше 1-2 по првото полувреме. Но, одбраната на Реал во вториот дел беше многу подобра, а нападот течеше без проблем. Во листата на стрелци се запиша и Винициус.

Голот на Камавинга можете да го видите ТУКА. 

ПретходноЕл Шарави им донесе „три од три“ на Рома и Мурињо (ВИДЕО)
СледноТричко не застанува, два меча – два гола