Кошаркарите на Кливленд Кавалирс убедливо ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 129:99 (24:28, 33:27, 42:22, 30:22) во натпревар што го означи враќањето на Леброн Џејмс во Охајо. Иако натпреварот започна како вистинско дерби и беше нерешен во текот на првото полувреме, домашниот тим потоа одигра еден од своите најдобри периоди во сезоната.
Кливленд ја доби третата четвртина со убедливи 42:22 и практично го реши прашањето за победникот. Лејкерси изгледаа посигурни во првото полувреме, дури имаа и предност, но сè запре по големиот налет на Кавалирс. Во еден момент од четвртата четвртина, разликата достигна +34 за домашниот тим.
Леброн Џејмс одигра еден од најлошите натпревари против својот поранешен клуб – постигна 11 поени, шутирајќи 3/10 од поле и 0/3 од три удари. Тоа беше прв пат во 13 гостувања во Кливленд да не постигне барем 20 поени.
Најефикасен играч кај победниците беше Донован Мичел со 25 поени, додека кај Лејкерс, Дончиќ заврши со 29 поени.
Резултати, НБА лига:
Кливленд – ЛА Лејкерс 129:99
Индијана – Чикаго 113:110
Бостон – Атланта 106:117
Мајами – Орландо 124:133
Њујорк – Торонто 119:92
Мемфис – Шарлот 97:112
Далас – Минесота 105:118
Јута – Голден Стејт 124:140
Хјустон – Сан Антонио 99:111










