Малку фудбал, тепачка и 1:0 за Ахмат на полувреме со Вардар (ВИДЕО)

635

На пријателскиот меч меѓу Вардар и Ахмат Грозни кој утрово започна во Сиде, Турција, рускиот тим има предност по првото половреме со 1:0, но во 35. минута дојде до мал инцидент во кој беа вклучени играчите и од двете екипи.

Имено, најпрвин дефанзивецот на Вардар Матиќ и фудбалерот на Ахмат, Мелкадзе влегоа во конфликт, по кој следуваа турканици од фудбалерите и на двата тима. За среќа ситуацијата брзо се смири, па мечот продолжи.

Ахмат предводен од некогашниот руски селектор Чершесов, поведе со голот на Мелкадзе од пенал во 26. минута. Во составот на рускиот тим како ново засилување е и поранешниот играч на Шкендија, Цаке.

 

ПретходноНема промени: Арсенал е прв фаворит за ЛШ, ПСЖ падна на 7. место
СледноАрбелоа повторно вината ја зема на себе: Јас сум одговорен за поразот