Во Италија веќе две недели се крева голема врева околу перформансите на голманот на Јувентус, Шчесни. Полјакот брани очајно, направи две големи грешки во три кола, а тоа го чинеше Јувентус победи во Удине и најмалку реми во Неапол.
Италијанските медиуми велат дека Јувентус направи огромна грешка што не го ангажираше Донарума иако имаше пол-позиција во преговорите со него.
Од друга страна, клубот тврди дека има одличен голман, а новиот директор Черубини изјави дека актуелниот голман на ПСЖ не бил приоритет.
Дел од италијанските стручњаци прогнозираат дека е време резервниот голман Перин да застане меѓу стативите во првиот тим, додека Јуве во јануари не обезбеди нов бр. 1. Шпекулациите водат кон Де Хеа, чиј договор со Манчестер Ј. истекува, па би сакал да продолжи на друго место, но опција е и Кејлор Навас, ветеранот кој полека го губи местото во ПСЖ од Донарума.