И официјално. Веспрем се пофали дека успеал да го ангажира Стефан Додиќ. Колку за потсетување Додиќ е “дете“ на Металург ако се знае дека Србинот како многу млад дојде во Скопје и тука учеше ракомет во клубот од Автокоманда а потоа и во Охрид и Вардар.
Додиќ досега беше дел од Војводина, а унгарскиот гигант за 22-годишниот ракометар исплати рекордна отштета, договорот е потшишан до јуни 2027 година со можност за продолжување на соработката.
Па така отако Додиќ ги мина лекарските прегледи, а потоа и откако беше потпишан договорот, Веспрем и офцијално го претстави своето ново име во своите редови.










