Кој си знае, си знае. Така и Кристијано Роналдо. Вечерва мега – ѕвездата на светскиот фудбал успеа да постигне нов гол за својот Ал – Наср во победата на гости кај Ал -Колод.
Па така овој гол на Португалецот му е 961-ви во кариерата, што значи дека му требаат уште 39 до фамозната “илјадарка“. Нема сомневање дека и тоа ќе се случи, дека Роналдо набргу, веројатно и во оваа 2026 година ќе дојде до својот 1.000 гол во кариерата.
Него ова му е една од двете цели во прериодот кој доаѓа за неговата кариера, втората му е да дојде до титулата на СП 2026 кое ова лето ќе се одржи во С. Америка.










