Данска и Исланд за малку ќе урнеа рекорд – стар 18 години

359

Во финалето на Европското ракометно првенство 2026 ќе играат Данска и Германија, откако во полуфиналните натпревари ги совладаа Исланд, односно Хрватска.

Во второто полуфинале, меѓу Данска и Исланд, за малку ќе беше урнат неверојатниот рекорд поставен на Европското првенство во Норвешка во 2008 година.

На тој натпревар беа досудени дури 19 седмерци, што е трет најголем број во историјата на европските првенства. Рекордот сè уште го држи дуелот меѓу Словенија и Чешка од 2008 година, на кој беа досудени 21 седмерец. Еден помалку, односно 20 седмерци, беа видени на натпреварот Србија и Црна Гора против Исланд во 2006 година.

ПретходноДенеска во Хернинг ќе биде одреден патот на Македонија кон СП 2027 (ЛИНК)
СледноМакедонија без најдобриот тенисер во Кипар