Денеска во Хернинг ќе биде одреден патот на Македонија кон СП 2027 (ЛИНК)

141

Слободниот ден во завршниот викенд на Европското првенство е резервиран за прес-конференција на која ќе бидат соопштени детали од страна на ЕХФ за сето она што се случуваше во претходните две недели, но и ќе се одржи ждрепка за бараж мечевите за Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија. Овој инвент стартува во 14:30 часот.

Македонската ракометна репрезентација која заврши на 14-то место на ЕП се најде во првиот шешир пред ждрепката, и ќе одбегне силни селекции како Франција, Словенија, Норвешка…

Шешир 1: Франција, Словенија, Норвешка, Унгарија, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Северна Македонија, Холандија и Австрија

Шешир 2: Чешка, Италија и победниците од фазата 2 – Босна и Херцеговина против Косово, Грузија против Израел, Украина против Словачка, Србија против Литванија, Полска против Латвија, Турција против Романија, Грција против Белгија, Финска против Црна Гора.

Процедура на ждрепката: Еден тим од Група 1 ќе се сретне со еден тим од Група 2. Првиот тим извлечен ќе биде домаќин на првиот меч од двомечот, кој ќе се игра на 13–14 и 16–17 мај 2026 година. Победникот по двата меча ќе се пласира на Светското првенство кое ќе се одржи во јануари 2027 година.

ПретходноТрамп откри неверојатен план – до лето ќе изгради стадион покрај Белата куќа
СледноДанска и Исланд за малку ќе урнеа рекорд – стар 18 години