ЕХФ го одби барањето на Исланд пред утрешниот дуел со Хрватска!

1129
ФОТО:facebook.com/hsi.iceland

Утре со финалето (Данска – Германија) и со мечот за 3.место (Хрватска – Исланд) завршува ЕП 2026. Сепак како да не може да мине еден еден а да не се случи скандал или репрезентациите да негодуваат за организацијата од страна на ЕХФ.

Па така Ракометната федерација на Исланд изрази длабоко незадоволство од организацијата на последниот викенд од Европското првенство во Хернинг, што е одговорност на ЕХФ. Уморни членови на нивната делегација беа принудени да присуствуваат на медиумски настан рано наутро, и покрај исклучително долгата ноќ зад нив, пишува Vísir.

Исландската репрезентација се врати во својот хотел доцна синоќа, околу полноќ, разочарана по поразот во полуфиналето на турнирот од Данска. Многумина од нив потоа мораа да добијат масажи за да се опорават што е можно подобро за утрешниот натпревар за бронзениот медал против Хрватска. Според извори на исландските медиуми, третманите траеле до доцна во ноќта, дури и до 4 часот наутро. Закрепнувањето е клучно, особено по исцрпувачкото темпо во кое Исланд одигра осум натпревари за само 15 дена.
Поради бессона ноќ, Исландската ракометна федерација побара одложување на медиумските ангажмани закажани за 10 часот по локално време. Сепак, нивното барање беше одбиено. Меѓу исландската делегација е забележливо негодување кон Европската ракометна федерација (ЕХФ) за ваков вид организација.
Ова не е прв пат да се слушнат поплаки за ЕХФ. Хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон беше многу лут на прес-конференцијата завчера, а неговата критика ја поддржаа германскиот селектор Алфред Гисласон и исландскиот селектор Снори Штајн Гудјонсон.

ПретходноНеверојатно: Ал – Итихад го “замолил“ Бензема да игра бесплатно?!
СледноЧешмеџиев со трансфер на Исланд! (ФОТО)