Ивановски и Поп Арсова со нови национални рекорди во полумаратон

254

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова истрчаа национални рекорди на Балканското првенство во полумаратон (21 километар), кое се одржа во склоп на уличната трка „Трчај бе“ вчера во Битола.

Двајцата за неколку минути го подобрија своето и националното најдобро време, што е своевиден подвиг.

Во машка конкуренција вчера победи Романецот Илие Александру Корнеску со време од 1:05,54 часа, пред Турчинот Алканоглу и нашиот Дарио Ивановски кој го освои третото место со нов национален рекорд 1:06,09 часа.

Во женска конкуренција, нова балканска шампионка во полумаратон е Маринела Нинева од Бугарија, која патеката во Битола ја истрча со време од 1:16,02 час, оставајќи ги зад себе Лилијана Драгомир од Романија и Словенката Неја Кршинар. Во финалниот поредок Поп Арсова заврши како четврта со нов национален рекорд 1:18,50 часа.

Претходно„Специјалниот“: Цела недела лажам, се чуствувам како дете од 14 години
СледноФерги проговори како го убеди Роналдо: Не можев да замислам да го гледам во Сити