Бура го уништи стадионот на кој се играа натпревари на Евро 2024 (ФОТО)

382

Бурата „Кристина“ која беснееше во Португалија, остави стотици илјади луѓе без струја, оштетени домови и најмалку пет мртви. Во неа настрада и стадионот каде што се одржуваа натпреварите од европското првенство во 2004. Според португалските медиуми поради бурата, некои од околните структури беа уништени, а покривот претрпе најголема штета.

Станува збор за стадионот на ФК Леирија во областа Леирија. Стадионот „Магаљаес Песоа“ кој беше изграден за потребите на ЕП 2004 по бурата која го зафати изгледа морничаво. Голем дел од покривот е уништен, а денеска клубот организираше чистење на стадионот. Многумина одговорија на повикот за да може стадионот да се доведе во некаква нормала.

Овој стадион беше отворен во 2003 година, а една година подоцна беше домаќин на два натпревари од Евро 2004.

ПретходноБарса не го дава врвот: „Блауграна“ подобра од Елче
СледноМакедонецот Волкановски ја одбрани светската титула (ВИДЕО)