Новак: Карлос ти посакувам десетгодишна доминација

780

Карлос Алкараз е победник на овогодинешното издание на Гренд Слем турнирот Австралија Опен.

Во моментов рекетот број еден на светот во финалето го совлада легендарниот Новак Ѓоковиќ кој што и со 38. години сеуште е еден од најдобирте тенисери на светот. Сепак, во ова финале беше немоќен да се спротивстави на во моментов фантастичниот Алкараз.

„Ви благодарам многу. Неверојатен турнир, неверојатни неколку недели. На твојот тренер, тимот, семејството, ова е историја, ова е легендарно. Ти си толку млад, како и јас, хаха, ти посакувам во следните десет години да продолжиш на идентичен начин“ – му се обрати Ѓоковиќ на Алкараз по финалето, па потоа продолжи.

„Морам да се заблагодарам на својот тим. Ме туркавте напред, ми дававте неверојатна поддршка. Пријатно ми е тука, ова е голем успех, вашиот успех е и мој успех“ – додаде Новак.

Србинот потоа се заврте кон ложата во која што се наоѓаше легендарниот Рафаел Надал.

„Сакам да му се заблагодарам и на легендарниот Рафа кој е на трибините. Само неколку збора. Многу ми е чудно да се гледам горе, а не на терен. Сакам да ги кажам дека ми беше голема чест и задоволство пред волкав број на гледачи да го делиме теренот. Многу ми е драго што те гледам“ – рече Новак.

„Овде има толку многу шпански легенди. Мислам дека тоа не е фер. Се подготвив за шампионски говор, но не и за вицешампионски. Ќе скратам. Ова е веќер на Карлос. Ми приредивте прекрасна вечер“ – поентираше Ѓоковиќ.

ПретходноШкендија потврди: Решат Рамадани и во следните шест месеци ќе биде позајмен од Динамо Киев
СледноПознат е Ол-стар тимот на ЕП, Гидсел е МВП