Лудница на “Олд Трафорд“: Шешко е херојот, Јунајтед на Карик не се шегува!

318
FOTO:facebook.com/manchesterunited/

Трета победа во низа за Манчестер Јунајтед предводен од Мајк Карик кој има три од три во ПЛ во првите три меча на клупата на гигантот од “Олд Трафорд“. Победа попладнево во меч од 24.коло со 3:2 против Фулам.

Невидена драма во судиското продолжение. Беше 2:1 за Јунајтед кога во 90+1.минута гостите израмнија со спектакуларниот гол на Кевин, за да Шешко во 90+4.минута донесе победа.

Јунајтед имаше 2:0 со головите на Каземиро и Куња, но сепак Фулам се закани со голот на Хименез во 85.минута за да шест минути подоцна и израмни, но сепак Шешко е херојот на Јунајтед.

Астон Вила дома беше поразена од Брентфорд со 0:1 и тоа со голот на Куатара во 45+1.минута. Гостите цело второ полувреме и дел од првото играа со играч помалку.

Нотингем Форест и Кристал Палас одиграа 1:1.

ПретходноБајка со среќен крај: Хрватска го освои третото место на Европското првенство
СледноАталанта со бод кај Комо, Карнесеки му одбрани пенал во 90+8.минута на Нико Паз!