Карлос Алкараз вчера за првпат го освои Австралија Опен и стана најмладиот играч што некогаш стигнал до седум титули на Гренд слем турнирите.
Со 22 години и 272 дена, тој го надмина претходниот рекорд на Бјорн Борг, кој ја достигна истата бројка на 23 години и четири дена. Рафаел Надал го освои својот седми Гренд слем на 24 години и три дена, додека на Роџер Федерер му беа потребни 171 ден повеќе. Новак Ѓоковиќ, моменталниот рекордер со 24 гренд слем титули, не успеа да надмине шест Гренд Слем титули сè до Вимблдон во 2014 година, кога имаше 27 години и 45 дена.
Доколку продолжи со овој просек од два Гренд слем турнири по сезона, Алкараз, додека наполни 31 година, би го израмнил рекордот на Новак Ѓоковиќ. Со седум големи трофеи, Алкараз се изедначи на листата на сите времиња со легенди како Џон Мекенро и Мек Виландер. Тој моментално е деветти на листата на освојувачи на Гренд слем турнири – пред него се Новак Ѓоковиќ (24), Рафаел Надал (22), Роџер Федерер (20), Пит Сампрас (14), Бјорн Борг (11), Андре Агаси (8), Џими Конорс (8) и Иван Лендл (8).
Тој ќе ја има својата следна можност за напредок од 24 мај до 7 јуни на Ролан Гарос, каде што го освои трофејот во претходните две сезони.










